Слоганот на фирмата `Пријател на мојот дом`  е основно мото и двигател на ПРИМА групацијата на најголемиот хрватски малопродажен ланец на мебел.

Но ПРИМА  е многу повеќе од тоа...

Всушност, освен моменталните 38 малопродажни салони за продажба  во составот на Прима групацијата  се наоѓаат и фабрики за производство на плочест мебел, за производство на масивен и тапациран мебел,  душеци и столици.  Деловен модел во кој вертикално се интегрирани производството и малопродажбата , направен  со една цел, што подобро управување со линиите на производите , со  обезбедување на брза испорака,  со добивање на најповолен мебел и во завршната фаза најдобро можно задоволување на барањата на постоечките и на идните  потрошувачи.  Истовремено вработување на повеќе од 1800 вработени  во составот на ПРИМА групацијата и низа на поврзани добавувачи на репроматеријали  се најдобра можност за придонесување на поволни цени и квалитетни производи.

За да сите деловни цели би биле остварени, во ПРИМА групацијата перманентно се спроведуваат  активности  насочени кон што поквалитететно, побрзо и професионално задоволување на потребите на потрошувачите во доменот на опремување на животниот простор...

Квалитетни производи по поволни цени,  професионална  услуга,  испорака и монтажа се главните  елементи по кои ПРИМА се препознава на пазарот за мебел.

Асортиманот   кој во потполност  ги покрива потребите на потрошувачите а се состои од плочест и тапациран мебел, кожни гарнитури,  маси и столици,  клуб масички, кујни по мерка и сето останато од  потребниот  мебел за уредувње на домот,  ПРИМА го нуди а тоа ќе го практикува и во иднина по најповолни цени и најдобра услуга за  испорака и монтажа.

Визијата на Прима групацијата малопродажната  мрежа во потполност  да  ги покрие сите поголеми места во Хрватска е воглавно исполнета.  Нашето мислење е дека таков вид на територијална дисперзираност е единствен начин да се приближат производите кон најширокиот слој на хрватското население.  И навистина да бидеме  хрватски ланец на малопродажба на мебел.

Од  Октомври 2009 год. ПРИМА за прв  пат  се насочи  кон ширење на својата мрежа надвор од границите на Хрватска со основање на фирмата ПРИМА МЕБЕЛ ДОО , уште од  12.03 почна со работа првиот македонски салон на ПРИМА во Скопје со површина од 5000 м² со 30 вработени.

Исходот  е одличен:  интересот е навистина неверојатен, резултатите се над очекувањата.

Поради тоа се заблагодаруваме на срдечната гостопримливост и повеќе од се ќе се потрудиме да ја оправдаме вашата доверба.

ПРИМА- Пријател на мојот дом!



АДМИНИСТРАЦИЈА
Т: 00389 2 2600 245/246
Ф: 00389 2 2600 246
Е-mail: info@prima-mebel.mk

САЛОН
Т: 00389 2 2600 245
Ф: 00389 2 2600 246
E-mail: info@prima-mebel.mk

РЕКЛАМАЦИИ
reklamacii@prima-mebel.mk

ОПРЕМУВАЊЕ НА ТУРИСТИЧКИ И ДЕЛОВНИ ОБЈЕКТИ И ГОЛЕМОПРОДАЖБА
Т: 00385 1 2499 982
Ф: 00385 1 2499 981
E-mail: prima-projekti@prima-namjestaj.hr